Граѓаните во Вестфилд шопинг центарот во Лондон во иднина од автомат, наместо чоколади, кафе или сендвичи ќе можат да купат чисто злато, бидејќи бил поставен автомат, кој наликува на банкомат, за продажба на овој благороден метал. Компјутер во внатрешноста на автоматот ја ажурира цената на златото на секои десет минути, во склад со промените на светскиот пазар, па заинтересираните ќе можат да купат еден грам злато за околу 44 евра, или 250 грама за 11350 евра.


Ваков автомат уште минатата година бил поставен во хотелот Емирејт Палас во Абу Даби. Автоматите биле тестирани во Германија уште во 2009 година, но германскиот производител Екс Ориент Лукс го избрал Абу Даби за официјален почеток со работата поради големата потрошувачка за злато во тој регион.