Жителите на Манчестер кои во петокот отишле да извадат пари од банкомат на бензиската станица БП во Стретфорд имале среќа. Банкоматот поради дефект издавал двојни износи од побараните. Веста за дарежливиот банкомат се проширила молскавично и во рок од 6 часа, колку што на банката и требало да забележи дека нешто не е во ред, граѓаните извлекле повеќе од 10.000 фунти.
По изјавите на сведоците, односно оние кои чекале ред пред банкоматот, некои од луѓето своите картички ги ределе по 5-6 пати.
„Пријателот ми испрати порака. Не можев да верувам. Морав малку да почекам бидејќи луѓето своите картички ги редеа по неколку пати. Но, банките имаат доволно пари, а добро е и ние нешто да добиеме“ – изјавила 33-годишната жена која извадила 150 фунти.
Банката сигурно ќе бара отштета од компанијата која непрописно го наполнила банкоматот. Сепак, изразиле жалење што никој толку долго не ги известил за дефектот.