Расипан банкомат во Меин исплатил 37 илјади долари на човек кој барал 140 долари, јавуваат американските медиуми. Полицијата во Јужен Портлад соопштила дека добила дојава од една жена која рекла дека некој човек многу долго стои пред банкоматот.
Полицајците го затекнале како ги става парите во вреќичка. Парите биле вратени на банката, а официјалните лица рекле дека не планираат да го пријават несудениот богаташ. Полицијата сепак продолжила со истрагата, а против човекот засега не е подигнато обвинение.