Во американскиот град Хагерстаун, Мериленд, летале пари. Сведок кој се нашол ма местото на настанот рекол дека изгледало како дожд од банкноти. Вреќи со книжни пари, но и монети, испаднале од еден камион. Полицијата во Мериленд примила повик со кој била известена дека еден камион изгубил огромна сума пари кои ги превезувал.
Адвокатката Хедер Кели која се возела кон својата канцеларија и која се нашла на местото на настанот, рекла дека повеќе десетици автомобили запреле и луѓето масовно грабале од парите. Полицијата истражува што се случило и ги моли луѓето кои ги собрале парите да ги вратат во полициската станица.