Европската централна банка (ECB)  соопшти дека до крајот на 2018 година ќе престане да ја печати банкнотата од 500 евра.

Банкнотата нема да се печати поради загриженоста што истата, криминалците најмногу ја користат за перење пари, па дури и за финансирање на тероризтички активности.

„Банкнотата од 500 евра ќе остане законско средство за плаќање и понатаму ќе биде во употреба“, соопшти ЕЦБ по состанокот на нивниот Совет.

Банката додава дека „банкнотата од 500 евра, како и банкнотите со други вредности секогаш ќе ја задржат својата вредност и ќе можат да се разменат во националните централни банки во рамките на Еврозистемот во текот на неограничен временски период“.

Речиси 30 отсто од преку 1.000 милијарди евра готовина во оптек, минатата година биле во апоени од 500 евра, покажаа неодамна објавените податоци на ECB.

Банкнотата од 500 евра е една од највредните во светот, со вредност која во моментот е повеќе од пет пати поголема од најголемата американска банкнота во оптек од 100 долари

 

OhridNews