Деловните банки во земјава ги покачија каматите на кредитите од 1 до 4 проценти. Овој удар за ионака осиромашениот и се помалку кредитно способен граѓанин, според експертите е последица на покачувањето на цената на благајничките записи од страна на Народната банка, на што претходеше ист таков потег и од Министертсвото за финансии.

Покрај кредитните линии, во иднина повисоки камати граѓаните ќе плаќаат и на кредитните картички.

Најмногу пораснаа каматите на потрошувачките кредити. Стопанска банка од вчера обезбедените кредити со хипотека ги нуди со камата од 14,5%, што е за 4 отсто повеѓе од претходно, односно со камата од 16,75% за необезбедените кредити . Скок на каматите има и кај Комерцијална и Тутунска банка. Се очекува нивниот чекор да го следат и другите деловни банки во земјата.

Ohridnews