Германецот Михаел Х. се нашол во многу пријатна ситуација. Имено, открил дека банката на неговата сметка уплатила 200 милиони долари. Се разбира, дошло до грешка, но кога Михаел сватил дека банката погрешила, на сметка во друга банка префрлил 10 милиони евра. Банката успешно ги вратила сите 200 милиони уплатени по грешка, но тоа сеуште не било доволно, туку од Михале зела и камата од 14,4 проценти на префрлените пари, односно дополнителни 12 илјади евра.
Клиентот не се сложил со ова барање, па случајот добиле епилог и на суд. Окружниот суд пресудил во негова корист, наложувајќи и на банката да ја врати запленетата камата, и тоа заедно со камата која течела на оваа сума додела парите биле кај банката. Во разговор со медиумите Михаел признал дека му било забавно барем на кратко да биде милионер, но сега жали што дошол на идеја да ги префрли парите.