Актерот Николас Кејџ никако не може да се справи со финансиските проблеми кои го имаат зафатено последниве години и се поизвесно е дека ќе банкротира. Минатата година сокрил околу 5 милиони долари данок, за кои бил кривично гонет.


Банката минатата седмица на продажба ги ставила неговите две вили во Малибу. Барала најмалку 7 милиони долари, но не се појавил ниту еден заинтересиран купувач. Банката му ги одзела куќите за да го наплати неговиот долг кон неа.