Една филијала на Американската Банка во Тампа на Флорида одбила да му исплати чек на еден човек без рака бидејќи тој не можел да им даде отпечаток од прстот. Тој сакал да го подигне чекот преку сметката на сопругата, но банката и покрај тоа што им покажал два документи инсистирала на идентификација преку отпечаток од прстот.


Подоцна менаџерот му објаснил дека може да го подигне чекот само во присуство на неговата сопруга. Банката сепак подоцна ја признала грешката и официјалните лица изјавиле дека треба да ги прилагодат правилата за различните ситуации. Човекот пак решил да ги тужи бидејќи банката го прекршила законот за лица со инвалидитет.