Изминатиов викенд, во СВР Охрид, пријавени се повеќе  кривични дела „Тешки кражби„ од цркви во неколку села на Охридското, Струшкото и Кичевското подрачје.

Во периодот од 20 – ти до 24-ти Јули оваа година, од црквата „Св.Ѓорѓија„ во селото Злести, одземена е една икона со димензии 70 џ 50 цм. и 1ооо денари. Во црквата, влезено е  со кршење на цилиндарот од бравата на железната влезна врата.

Засега непознати сторители, во периодот од 17 до 24 Јули, одкако ја скршиле влезната врата од западната страна, насилно влегле во црквата „Св.Ѓорѓија„ во селото Модрич. Од црквата, лоцирана во месноста „Речиште„не се одземени икони и други предмети.

Во селото Модрич, нападната е и црквата „Св.Богородица„ лоцирана во месноста „Џуро-мало„ при што против-правно одземени се 10 икони со димензии 35 со 25 цм. Кражбата е извршена во периодот од 22 до 24 Јули одкако со кршење на помошната и споредната врата насилно е влезено во внатрешноста на црквата.

Со кршење на цилиндарот од влезната врата, влезено е и во црквите „Св.Никола„ и „Св.Варвара„ во селата Горно и Долно Добреноец. Притоа, од двете цркви, одземени се околу 8000 денари.

Тешката кражба од црква во селото  Злести е прва извр шена во Охридското подрачје до овој момент. Во текот на 2009 година, СВР Охрид поднесе две кривични пријави против две лица извршители на кражби ид цркви. Во  јануари оваа година, криминалистичката полиција од Струга, против четири албански државјани поднесе кривични пријави поради постоење основано сомение дека извршиле тешки кражби на икони од цркви во повеќе струшки села. Паралелно со овие мерки, СВР Охрид организираше средба со надлежните во Дебарско-Кичевската епархија, со претставници на Охридскиот завод и музеј и со претставници на сите црковни одбори  на целото подрачје. Целта беше интензивирање на превентивните  безбедносни мерки што надлежните во Епархијата треба да го преземат за заштита  на црквите, иконите и другите вредни црковни предмети.


OhridNews