Една недела во дворот од градинката „Росица“ во населбата Лескајца оштетена бандера, најверојатно од кабелски оператор, опасно им виси над глава на минувачи. Оштетената бандера се „потпира“ на оградата и електричен столб, кој патем нема заштитен капак за инсталацијата. Засега никој не го санира проблемот, иако ова место е собиралиште на деца кои тука се рекреираат.
Бандера им виси над глава на минувачите
OhridNews