Лидерот на банда која украла повеќе уметнички дела вредни десетици милиони долари од галерија во Холандија нуди да врати пет од нив ако неговото судење биде одржано во земјата во која го извршил делото.

Романецот Раду Догару ја изнесе својата “понуда” пред започнувањето на негово судење во Романија за крадење на повеќе дела од Пикасо, Матисе и Монет.

Мајката на Догару минатиот месец на полицијата и изјавила дека ги запалила сликите кои ги украл нејзиниот син, но адвокатите на романецот уверуваат дека тој сеуште поседува пет од седумте украдени дела и е спремен да ги предаде на полицијата доколку неговото барање е прифатено.