Бананите се здрава храна која од повеќе причини треба да ја внесеме во исхраната.

Дали бананите дебелеат?
Да се изгуби вишокот килограми не е лесно, особено за дијабетичарите. Едно истражување покажало дека скробот од незрелите банани влијае врз губењето на тежината кај дебелите дијабетичари. После четири недели диета со банани, изгубиле повеќе килограми отколку со контролирана диета.

 

Дали бананите се нездрави?
Не, всушност бананите го намалуваат ризикот од срцев удар, дијабетес и рак.

Дали кората од бананата се јаде?
Кората од бананите се јаде и готвена и свежа. Кората од зелените банани се јаде само зготвена. Корите се голем извор на антиоксиданти, магнезиум и отпорни влакна.Кората нема големо влијание врз вкусот, но и понатака содржи многу хранливи состојки. Ако ја јадете кората, внимавајте да биде исклучиво органска. Самата банана содржи помалку пестициди отколку кората.

 

извор:metro-portal.hr