Климатските промени би можеле да доведат до тоа плодовите од семејството банани да станат клучна храна за милиони луѓе, открило едно ново истражување. Истражувачите од земјоделското партнерство “CGIAR” рекле дека овошјето би можело да го замени компирот во некои земји во развој. Луѓето ќе мораат да се навикнат на новата храна бидејќи традиционалните плодови се повеќе пропаѓаат и ја губат борбата за опстанок.
Истражувањето предвидува дека одгледувањето на трите главни калориски житарици, пченката, оризот и пченицата, ќе опаднат во многу земји во развој. Научниците додале дека компирот, кој најдобро успева во ладните предели, може да претрпи пад во производството поради покачувањето на температурата и промената на глобалната клима. Со ова би се отворил простор за бананата, која успева и на поголема надморска висина, дури и на оние места каде сега се одгледува компир. Постојат неколку стотини видови банани меѓу кои е и плантаинот, кој е брашнест и полн со скроб, како компирот, пренеле медиумите.