Гостиварци во последните неколку кола мака мачеа да соберат една петорка за да ги одиграат натпреварите на кои пристигнуваа со половина па и до час задоцнување.
Во десегашниот дел од шампионатот за сите пропусти им се прогледуваше низ прсти но челните луѓе во федерацијата се на ум да се стават крај на танталовите маки како за гостиварци така и за останатите.
Само за потесетување КК Маврово со “вајлд“ карта влета во шампионатот кој поради нив започна со еднонеделно задоцнување.
Доколку се случи Маврово да се откаже, нема да се промени ништо во системот на натпреварување. Ќе се продолжи да се игра по истиот четворокружен систем на натпреварување. Единствената промена ќе биде тоа што нема да има слободна екипа.