Љубителите на бургери и вкусни сендвичи од сега ќе може да уживаат во омилената храна во новата сендвичарница „БАМС Бургер“, која официјално беше отворена синоќа на улицата „Димитар Влахов“ кај поранешната автобуска станица.
Во „БАМС Бургер“, ќе се подготвуваат сите видови бургери, со класични и специфични додатоци, а уникатна ќе биде понудата на бургер со шарска плескавица.
Во мени се и ладни сендвичи, хот дог, тостови, пилешки прсти, сосови, салати, напитоци и добро кафе. Во специјалната понуда на „БАМС Бургер“ се и посни сендвичи.
Омилениот сендвич ќе може да се вкуси во „БАМС Бургер“, каде има внимателно уредени делови за непушачи и пушачи, но и на било која друга локација со достава која за нарачки во градот Охрид ќе биде бесплатна.
„БАМС Бургер“ официјално почнува со работа од понеделник 6 март, а ќе биде отворен за сладокусците од 09 до 01 часот.
Фото галерија:
„БАМС Бургер“ – нова вкусна станица за сладокусците во Охрид
OhridNews/PR
Фото: Анамарија Момироска