Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид викендов кој доаѓа ќе биде дел од Меѓународниот онлајно Таквендо турнир од ИТФ А класата. Домаќин на турнирот „Балткуп 2021“ година е Естонија.
Охридскиот клуб ќе настапи со 11 натпреварувачи, а вкупно 56 клубови во форми ќе се борат за највисок пласман.
Се надеваме дека нашите теквондисти ќе го потврдат квалитетот и ќе донесат нов успех за охридско и македонското теквондо. Ковид -19 пандемија влијаеше на сите, но ние веруваме и убедени сме дека се ќе помине во најдобар ред, – изјави првиот човек на клубот, Марјанчо Лазаревски.
Од 25 до 27 јуни во Бугарија ќе се одржи турнир на кој учесниците ќе излезат на татамите и ќе прекинат онлајн да се натпреваруваат.
OhridNews
Фото: Архива