Дали сте знаеле дека заслугата за најголемата сметка некогаш направена на Ибица ја има фудбалерот на Манчестер Сити, Марио Балотели?!
Викендов Балотели се забавувал на Ибица и за тоа платил огромна сметка. Марио и неговото друштво испиле алкохолни пијалаци во вредност од 50.000 евра, а сметката Марио великодушно ја платил сам и така ги почастил своите пријатели.
Познатиот сопственик на ланецот ноќни клубови во Европа напишал на својот Твитер профил:
“Луда ноќ синоќа на Ибица со Марио Балотели. Неговата сметка беше најголемата која некој некогаш ја платил во клубот Линекер” напишал Вејн Линекер и објавил нивна заедничка фотографија.
21- годишниот спортист се дружел со познати личности кои се на Ибица, и не бил оптоварен со тоа што неговата бивша девојка, Рафаела Фико, носи негово дете.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com