Некогашниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели констатно го привлекува вниманието со работи кои не се поврзани со фудбалот. Овој пат, контроверзниот италијански фудбалер му плати човек да скокне со мотор в море. После излегувањето на видеото на социјалните мрежи полицијата во Италија го пријави Балотели за кривично дело подмитување и коцкање, а човек кој скокна со моторот ќе добие пријава за фрлање на опасни материјали во морето.

OhridNews