Италијанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Милан, Марио Балотели, одлучил да заплови во брачните води, бидејќи утрово ја запросил својата девојка Фани Негуша. „Рече да, назначајното „да“ во мојот живот“, напишал Балотели на Инстаграм.

Исто така на оваа друштвена мрежа поставил и фотографија од романтичното место на кое ја запросил својата преубава избраничка. Италијанскиот фудбалер, чии родители се од Гана, поставил и фотографија од дијамантскиот прстен на раката на Фани. Претходно оваа година признал дека има вонбрачна ќерка од претходната врска со Рафаела Фико.