НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, Францускиот институт од Скопје и Кинотеката на Македонија, во петок на 30-ти мај 2014 година,  во кино-салата на Центарот за култура ќе го прикажат филмот „Балкон со поглед на море“. Проекции на филмот, ќе има на 31-ви мај, 3-ти, 4-ти и 5-ти јуни 2014 година.

Ова филмско остварување кое е дело на режисерката Никол Гарсија, филмската критика го нарекува „трилер на чувства“ или „класична драма на начинот на Хичкок“. Главните улоги во филмот ги играат оскаровецот Жан Дижарден, Мари-Жозе Кроз и Сандрин Киберлен.

Проекциите на филмот започнуваат во 20 часот, а влезниците ќе чинат 50 денари.

OhridNews