Калиопи, Елена Ристеска, Хари Варошановиќ, Борис Новковиќ, Тони Цетински, и други балкански ѕвезди кои ќе земат учество на големиот хуманитарен концерт со кој ќе биде одбележан денот на раѓањето на големата поп икона Тоше Проески.

Концерот „Со хуманост до светлина“ ќе се одржи на 24 јануари во салата „Борис Трајковски“ и на него за прв пат ќе бидат изведени нови осум песни компонирани од Тоше.
 
Собраните средства од хуманитарниот концерт ќе бидат наменети за осветлување на манастирот Свето Преображение во Крушево, кој со голема љубов го градеше Тоше, чиј живот ненадејно згасна во сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година во Хрватска.

Ohridnews