Балканскиот конгрес “Микробиологија Балканика” е собир на микробиолозите од Балканот, кој се одржува секоја втора година, во различни земји од регионот. Организатор на микробиолошкиот конгрес, кој годинава, се одржуваше по четврти пат, е Балканското друштво на микробиолози. Со цел да разменат професионални искуства, на овој научен собир, учество зедоа голем број доктори од Балканот, кои работат со дијагностика, лекување и превенција на инфективни заболувања.
Здружението на Микробиолози на Македонија, одржувањето на Балканскиот конгрес го процени, како голема шанса за меѓународна размена на искуства, папоради тоа тие, истовремено го организираа и четвртиот Македонски конгрес на микробиолози.
Балканските микробиолози разменија искуства во Охрид
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com