Охрид наместо за музички ѕвезди средствата од буџетот наменети за прослава на Нова година реши да ги употреби за помош на социјално најзагрозените семејства. Несомнено дека ваквата идеја е хумана и благородна, но дали општина како Охрид не треба да има средства и за едната и за другата намена. Дали со добра програма на плоштадот нема да им помогне на голем број граѓани кои немаат доволно средства за прослава во угостителските објекти и хотелите и тие за момент да се почувствуваат среќни и весели. Дочекот на Нова година е дел и од туристичкиот имиџ на Охрид кој привлекува гости. Но тоа треба да го сфатат и туристичките работници кои мора да го препознаат својот интерес во целата приказна. Таа никако не се прави во пет до дванаесет. Затоа одговорните треба уште од сега да размислуваат за дочекот на 2012-та, освен ако не веруваат во пророштвото на Маите.
Балканскиот музички крем во Будва, Охрид без организирана понуда за најлудата ноќ
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com