Душан Вујошевиќ досегашниот тренер на Партизан од Белград потпиша нов тригодишен договор со тимот на ЦСКА од Москва, вреден дури 5 милиони евра. Популарниот Дуле од Партизан заминува после девет успешни сезони во кои освои се што можеше да се освои, девет титули во Србија и четири трофеи во НЛБ-лигата и обезбеди пласман на завршницата од Евролигата во Париз.


Помошник на Вујошевиќ ќе биде Македонецот Саша Филиповски, а според договорот новиот буџет ќе му овозможи да селектира екипа по сопствена желба. Веќе се прават напори тимот да се засили, како нов играч во редовите на ЦСКА се споменува Коста Перовиќ, кој тренираше во Партизан под надзорот на Вујошевиќ и играчот на Цибона, Џејмонд Гордон.

Ohridnews