Се е подготвено за почеток на 48 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На прес конференцијата што се одржа денеска , беше презентирана програмата која и оваа година ќе понуди квалитет и разноврсност.

Како што е познато овогодинешниот Балкански фестивал ќе биде отворен со целовечерен концерт на ансамблот за
народни игри и песни на Македонија „Танец”, на 6 јули. Годинава на фестивалот
ќе настапат 11 културно -уметнички
друштва од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Турската Република
Северен Кипар, Грција и Косово, како и гости од Нигерија.

Програма на “Балкански фестивал“ 2009:

6 јули (понеделник)
– Целовечерен концерт на ансамблот за народни игри и песни на Македонија ,,Танец” – Скопје, Македонија
……………………………………………………………………………….
7 јули (вторник)
– Ансамбл ,,Тракија” – Пловдив, Бугарија
– КУД ,,Дримкол” – Вевчани, Македонија
……………………………………………………………………………….

8 јули (среда)
– КУД ,,Веселин Маслеша” Бања Лука, БИХ
– Ансамбл ,,Замојсцизна” – Замошчи, Полска
……………………………………………………………………………….
9 јули (четврток)
– Ансамбл од Истамбул, Турција
– Ансамбл ,,Шарин” , Словачка
……………………………………………………………………………….
10 јуни (петок)
– КУД ,,Славонски Брод” , Хрватска
– Ансамбл ,,Фогем” – Никозија, Турска Република Кипар
– КУД ,,Цветко Грбиќ” – Штрбце, Косово
……………………………………………………………………………….
11 јули (сабота)
– Ансамбл од Овчаране, Лерин, Грција
– КУД ,,Севојно” – Ужице, Србија
– Ансамбл од Нигерија
……………………………………………………………………………….

Ohridnews