Васко Дуковски, нашиот и светски познат кларинетист деновиве објави два видеозаписи од неговиот нов проект “Турли Тава” заедно со Даниел Ори (Daniel Ori)- контрабас, Ден Надел (Dan Nadel)- гитара и Брахим Фрибган (Brahim Fribgane)- перкусии.
“Турли Тава” е нова музичка група, формирана во самото жариште на светската уметност, Њујорк, со цел да донесе нов пристап кон традиционалните балкански мелодии и да внесе една инспиративна оригиналност во истите.
Музиката на “Турли Тава” е една волшебна мешавина на балкански мелодии со џез, фламенко и марокански моменти. Со оваа динамично импровизирана атмосвера овие четворица истакнати инструменталисти и даваат експлозивен танцувачки ритам на балканската музика, како и една уникатна комбинација на текстури, бои, култури и звуци.
Членовите на “Турли Тава” во само кратко време од нивното формирање како група, успеале да изведат голем број на настапи, а кон крајот на годината ќе го снимаат и својот дебитантски албум.