Македонскиот боксер Давид Ѓоргоќески е нов рекордер на Балканот во правење склекови. 17-годишниот боксер од скопската населба Ѓорче Петров направи неверојатни 2 604 склекови за еден час и го сруши рекордот од 2 370 склекови во сопственост на српски спортист.

Следна цел на Давид е рушење и подобрување на рекордот во правење склекови за еден час на светско ниво. Рекордот изнесува 2 919 склекови.

OhridNews