Македонската кошаркарска репрезентација доби повеќе од посакувани противници во групата Ц од Евробаскетот, кој следната година ќе се одигра во четири земји.
Македонија натпреварите ќе ги игра во Загреб, а во групата се наоаѓаат Балканските селекции Грција, Хрватска и Словенија надополнети уште со Холандија и Грузија.
Избраниците на селекторот Александар Џикиќ континенталниот собир ќе го отворат против Грција, а потоа следуваат мечевите со Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија.
Пласман во нокаут фазата обезбедуваат првите четири репрезентации на табелата, а елиминациските натпревари ќе се играат во Франција.
Група А (Монпеље): Франција, Финска, БиХ, Полска, Израел, Русија.
Група Б (Берлин): Шпанија, Србија, Германија, Турција, Исланд, Италија.
Група Ц (Загреб): Хрватска, Словенија, Грција, Македонија, Грузија, Холандија.
Група Д (Рига): Литванија, Украина, Летонија, Белгија, Чешка, Естонија.
Мх.П.