Повеќе стотини играорци учествуваа во традиционалното дефиле низ градските улици и чаршијата кое го најави 48-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, кој свечено беше отворен со целовечерен концерт на ансамблот „Танец“ на Долни Сарај.


Годинава на Фестивалот кој се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија ќе настапат единаесет ансамбли од земјава како и од Србија, Хрватска, Бугарија, Турската Република Северен Кипар, Грција, Косово и од Нигерија.


Балкански фестивал по 48-ми пат во Охрид


Ohridnews