На 5-ти јули (четврток)  во Охрид започнува 46-от Балкански фестивал на народни песни и игри.

На фестивалот кој трае до 10 јули,  годинава учество ќе земат 12 ансамбли од 8 земји. Во петте фестивалски денови пред охриѓани ќе се претстават ансамбли од Србија, Бугарија, Албанија, Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, а како гости ќе настапат и членовите  на Македонското културно уметничко друштво од Австралија.    

Фестивалот традиционално ќе започне со фолклорно дефиле низ улиците на Охрид, а свеченото отворање ќе биде на сцената на Долни Сарај. 

И оваа година покровител на Балканскиот фестивал на народни песни и игри е Собранието на Република Македонија, а за негова реализација помогнаа Општина Охрид и други спонзори.

Јасминка Т. Момироска