Очигледно дека јавното мислење воопшто не ги засега надлежните општински органи. Неодамна беа поставени нови знаци и патокази низ целиот град. Европски нема што, ама школото е балканско.

Имено како што прв објави “ohridnews” голем број од знаците се погрешно напишани. Воопшто не се внимавало ниту граматички, ниту естетски. Па така сега во градот на писменоста и културата, дел од улиците се улица булевар?!, во македонската верзија, или Свети булевар Туристичка, во англиската верзија.


низ улиците сеуште стојат погрешно напишаните патокази

По првата реакција на јавноста, локалната самоуправа најави дека грешката ќе биде исправена. И навистина дел од знаците во централното градско подрачје, на кејот, беа променети. Поточно беа направени одредени корекции.


корекција само на кејот…


…но не и на другите улици

И толку. Како само таму да минуваат туристи. Беше тоа само замачкување очи или корекцијата на сите погрешно напишани знаци е оставена за подоцна, не знаеме.  Едно е сигурно, тие знаци без пари не се поставени, па во најмала рака би било морално некој да сноси одговорност за ваквиот пропуст кој летово сигурни сме ќе биде пример за потсмев од бројните туристи што ќе го посетат Охрид. Тоа воопшто не е добра реклама.

Г. Момироски