Освен Косово и Албанија сите други држави на Балканот се соочуваат со стареење на населението, а во речиси сите земји од регионот без исклучок има економска миграција. Ова меѓу другото беше истакнато на Меѓународната конференција за демографските процеси на балканот што се одржува во Охрид во организација на „ДемоБанк“ и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје“.
–Земјите од Балканот освен Косово и Албанија се соочуваат со намален фертилитет, односно број на новородени деца, како и со економска миграција која е поизразена во последните пет години. Дополнително Балканот стана главна рута на мигрантите од Сирија, Ирак и Авганистан кои оттука проаѓаат кон западноевропските земји. Од демографака гледна точка ситуацијата не е добра, но едновремено треба да се напомене дека Балканот не се разликува многу во однос на ова прашање од земјите во Европа кои исто така се соочуваат со низок фертилитет и миграција.-рече Бајрон Коѕаминис претседател на Балканската демографска асоцијација.
Катерина Костадинова Даскаловска, меѓународен експерт по демографија, укажува дека стапката на фертилитет на Балканот изнесува 2,1 процент, што е најниска граница на проста репродукција
-Сите Балкански земји веќе се под тој просек. – рече Костадинова Даскаловска.
Доколку ваквиот тренд продолжи, надополнет со миграцијата, земјите од балканот ќе се соочат со забрзано стареење на населението и проблеми со работната сила, додаде Костадинова Даскаловска.
На конференцијата во Охрид учествуваат 60 експерти кои во наредните три дена ќе ги презентираат своите научни трудови од областа на демографијата.
Г.М.