Од денеска до 28 јуни во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ќе се одржува четвртата Меѓународна ликовна колонија „Балкан спирит“. Оваа колонија која е во организација на Фондацијата за стратешки истражувања „Киро Глигоров“ и Асоцијацијата за култура ИКОН од Скопје, годинава е посветена на  1.100 години од упокојувањето на свети Наум.

Официјалното отворање на колонијата ќе се случи задутре, со обраќање на првиот претседател на државата, Киро Глигоров, кој ќе им посака убава работа на учесниците.

На колонијата ќе учествуваат ќе учествуваат: Анастас Костадини-Тасо од Албанија, Светлин Русев од Бугарија, Светлана Драгоевиќ од Црна Гора, Миодраг Д. Јелиќ од Србија, Еркан и Дениз Оздилек од Турција и Бернхард Холеман од Австрија и македонските сликари Данчо Ордев и Данчо Клчев, Петар Попчев, Павле Кузмановски, Горјан Ѓоргиев, Мирослав Масин, Стефан Хаџи Николов и Решат Амети. По завршувањето на колонијата ќе биде отпечатен каталог на англиски јазик, а делата ќе бидат претставени на изложба.

Целта на колонијата е да се зајакне регионалната соработка и да го покажеме убавото лице на Балканот. Колонијата е едно отворено ателје каде што уметниците се дружат и градат заедништво, зашто на уметноста и е непозната дневната политика.

Одржувањето на колонијата е поддржано од Министерството за култура и од Амбасадата на Норвешка во Македонија.

OhridNews