Реномираниот специјализиран за ракомет портал „Балкан хендбол“ неофицијално дознава дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) донела одлука да му забрани на македонскиот првак Вардар настап во Лигата на шампиони во сезоната 2022/2023.
Како причина за ваквата одлука ја наведува несредената финансиска ситуација, која пак го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап на „црвено-црните“ во елитното натпреварување.
Според „balkan-handball.com“, тогаш ЕХФ сепак му прогледа низ прсти на клубот од „Јане Сандански“.
Офијалната одлука се очекува до крајот на неделата.
OhridNews