Навивачката група на Шкендија, “Балисти“ преку интернет порталот “Тетово1“ им се заканаа на челниците на Фудбалската федерација на Македонија внимателно да ја донесат одлуката за прекинатиот меч во Ѓорче Петров помеѓу Тетекс и Шкендија.

“Балистите“ се закануваат дека ако одлуката биде во штета на клубот кој го бодрат, во иднина не гарантираат никаква безбеднот за “македонските“ екипи кои ќе гостуваат во Тетово и околијата.

Градското дерби помеѓу Тетекс – Шкендија кое се одигра во Ѓорче не го дочека својот крај. По постигнувањето на водечкиот погодок на Начевски, навивачите на Тетекс влетаа в терен да го прослават голот.

Управата и стручниот штаб на Шкендија по мала пауза реши да не го доигра натпреварот и го напушти стадионот во Ѓорче Петров.

Мх.П.