Во вторник на 10-ти јуни 2014 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, балетското студио „ВИЗАВИ“ ќе ја одигра балетската претстава „Порака за мир“.
Автор на оваа претстава која ќе изобилува со кореографии од модерен балет, хип хоп, самба, диско е кореографот Јулија Милески.
Гости на претставата ќе бидат членовите на „Распеано рибарче“ и „Распеани ѓерданчиња“.
Претставата ќе започне во 18 часот, а влезниците чинат 50 денари.
OhridNews