Во сабота на 1-ви ноември 2014 година, во Центарот за култура „Григор Приличев” во Охрид, ќе гостува Балетското студио „Буратино“ од Пловдив, Бугарија.
Охридската публика ќе им аможност да ја погледне балетската претстава „Белата боја и тонот”, по музика на Џузепе Верди. Кореограф на претставата е д-р Бонка Марева, балетски педагог е Маша Иванова, а Балетски корепетитор е Меглена Јорданова.
Претставата ќе започне во 19 часот, а влезниците чинат 50 денари.
OhridNews