Охридските љубители на балетската уметност вечерва во Центарот за култура „Григор Приличев” во Охрид, ќе имаат можност да ја погледнат балетската претстава „Белата боја и тонот”, во изведба на Балетското студио „Буратино“ од Пловдив, Бугарија.
Белетот чии кореограф е д-р Бонка Марева е работен по музика на Џузепе Верди. Како балетски педагог во претставата се потпишува Маша Иванова, а балетски корепетитор е Меглена Јорданова.
Претставата ќе започне во 19 часот, а влезниците чинат 50 денари.
OhridNews