Со поддршка на Општина Охрид во петок на 6-ти октомври 2023 година со почеток во 19 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи концертот „Балет за четири раце“ на пијано дуото Нина Костова и Ивона Базгалоска.
Љубителите на музиката ќе може да уживаат во изведба на прекрасни музички композиции од Чајковски, Рахманинов и Лангер.
Општина Охрид во континуитет ги поддржува младите музички таленти кои полека но сигурно го трасираат патот кон успехот настапувајќи на големи музички сцени, велат во соопштението од општинската прес служба.
OhridNews