Со уфрлени 44 поени охриѓанката Весна Балазоска “сама“ го победи новајлијата во првата кошаркарска женска лига Клубски од Делчево со 60-56. За Балазоска која ја игра последната сезона како активен играч, ова не е прв пат како ја префла бројката од 40 поени.
– Долгиот пат доста влијаеше на нашата игра на овај натпревар. Откако забележав дека моите соиграчки се уморни од патот се одлучив да превземам се` во свои раце. Сепак да не пристигнеше нивната помош во финишот на мечот немаше да се радуваме на победа и моите 44 поени ќе беа залудни – вели капитенот на охридските Колибри.
Балазоска најави оти ова сезона ќе и биде последна во активното играње кошарка. Од реформињето на охридскиот женски клуб, кој неколку години го носеше името Билјана, а сегашен Колибри, е капитен на тимот кој два пати играше во финалето на купот, а една сезона се бореше и за шампионската титула. Во сите три случаи пред нив се истопори скопски Вигор.
– Секоја годнина велам доста е, но оваа сигурна сум дека Ќе биде доста .Не сакав да ги оставам на цедило моите долгогодишни соиграчки И пред се пријателки.Овие 44 поени не се најмногу во еден натпревар во мојата кариера, на мечот кој го добивме против Гостивар во 2003 година постигнав 47 поени – се присеќава Балазоска.
Иако ја игра последната сезона како активен играч, таа нема да ја напушти играта со портокаловата топка, напоротив со својата кошаркаска школа ќе биде се уште активна на тоа поле.
– Сакам моите знаења да им ги пренесам на младите, Во Охрид неколку години функционира кошаркарската школа под името “Колибри“ во која членуваат повеќе од стотина млади кошаркари и кошаркарки од најразлични возрасти – потенцираше Балазоска.
Нејзин “рол модел“ е најдобрата македонска кошаркарка Стојна Вангеловска, се надева дека еден ден ќе може да ги достигне нејзините тренерски постигнувања, кога веќе играчките се недостижни.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com