Охридските кошаркари со победа над Неготино ја започнаа сезоната во првата кошаркарска лига. Тренерот на охриѓани Весна Балазоска е задоволно од победата, но не и од играта на кошаркарите.

– Им честитам на кошаркарите за победата во првиот натпревар од втората лига. Неможам да кажам дека сум задоволна од играта, има многу работи кои треба да ги поправиме, првенствено во одбраната а потоа и во нападот.Голем пех за нас беа повредите на Љупчо Танески и Асим Челик – посочи Балазоска.

Во наредната втора рунда Лихнидос ќе патува во Скопје на мегдан со Карпош Соколи.

Мх.П.