Весна Балазоска се најде на поширокиот список на селекторот на најдобрата женска македонска репрезентација на  Видое Секулоски.


На поширокиот се 20 кошаркарки, кои се во конкуренција за место во Националниот тим во настапите од европската “Б“ Дивизија.

Секулоски ги одбра следните кошаркарки: Моника Гаврилоска (Хале – Германија), Бојана Самарџиска (Велс – Австрија), Славица Димовска (Фјолнир – Исланд), Александра Стојановска (Спарс – БИХ), Елена Раденковиќ (Натасао – Португалија), Ивана Удовалиева (САД), Ханка Муса (САД), Јелена Антиќ (САД), Анета Јовановска, Зорица Ацковска (Вигор Скопје), Нена Секуловска (Вигор Скопје), Бисера Стојановска (Вигор Скопје), Натали Георгиевска (Изградба Комерц Младинец), Инес Колариќ (Вигор Скопје), Ана Живковиќ (Вигор Скопје), Арнела Хоџа (Изградба Комерц Младинец), Едина Муса (Водњански Лисици), Ана Тантуровска (Вигор Скопје), Весна Домлевска (Вигор Скопје) и Весна Балазоска (Билјана 006).

По првата фаза која ќе трае од 11-25 Јуни во Скопје, селекторот Секулоски ќе го објави потесниот список на кошаркарки (12 до 14), на кои ќе смета за време на подготовките и квалификациските натпревари.

ohridnews