Тренер-играчот на охридската Билјана 006, Весна Балазоска  се здоби со Фиба сертифиkат од кошаркарскиот камп за млади таленти во Копаоник.


Охридската експедиција составена од кошаркари и кошаркарки од  КК “Колибри“ броеше 16 деца распределени според своите години и квалитети во соодветни групи.

Владимир Штимац беше промотор на кампот кој е од меѓународен карактер на кој учествуваа школи од Либан, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Турција, Германија .

Главен тренер беше поранешниот селектор на женската репрезентација на Југославија Зоран Вишнич.


Балазоска беше дел од тренерската екипа на Копаоник, каде покрај работата со своите Колибри, работеше и со деца од Либан, Хрватска, Франција.

ohridnews