Кошаркарките на охридската „Билјана 006“ со нови два бода се вратија од гостувањето во Кавадарци кај Нарконон совладувајќи ги со 71-67. Балазоска со рекордни 41 поен го предводеше охридскиот тим до новата победа. Покрај Балазоска во листата на стрелци се запишаа Рачјиновска 13, Кузеска 11, Миладиновска 6.


Натпреварот како и онај во купот минал во скандалозно судење на судиската двојка Клинчаров – Мицев кои поделиле и две технички грешки. Едната на тренерот на охриѓанки , а другата и тоа на полувреме на капитенот Балазоска.

– На полувремето се обративме до КФМ да ги информираме за скадалозното судење и дека немаме намера да го продолжиме натпреварот. Од федерацијта ни рекоа дека судиите веќе биле делегирани, а санкции ќе имало за нас ако отстапиме. Немавме каде излеговме на паркетот и го победивме мечот – не информираше капитенот Балазоска.

М.П.