Весна Балазоска постигна 44 поени во победата на Колибри на гостувањето кај Клубски во Делчево со 56-60 (17-12,09-13,17-19,13-16).


Натпреварот во целиот свој тек беше изеднчен, а Балазоска во третиот период ги постигна сите 19 поени за охриѓанки. Помошта стигна во последниот период во кој и останатите постигнуваа поени. Балазоска застана на 44 додека Рајчиноска уфрли 8, Ангелоска 3, Цветаноска 2, Миладиноска 3 поени. Кај домашните најефиксани беа  Вучковиќ со 23 и Симева со 14 поени.

Наредното четврто коло го носи езерскотото дерби меѓу Колибри и Струга.

М.П.