– Одбраната за разлика од другите натпревари играше многу подобро – потенцираше Весна Балазоска и додаде – Во третата четвртина проработе и пресинг играта, што ни отвори можност за лесни поени – истакна Балазоска.

Охриѓани пред крајот на натпреварот се опуштија, што веднаш го искористија гостинските кошаркари и дојдоа на (-6). Избраниците на Балазоска брзо се консолидираа и во голем стил го финишираа мечот победувајќи 89-76.

– Пред крајот на мечот се опуштија, и од 12 поени разлика, намалија на шест што е недозволиво во вакви дерби средби. Потоа пак одигравме добра одбрана и стигнавме до убедлив триумф од 13 разлика – посочи Балазоска.

По три одиграни средби кошаркарскиот клуб Лихнидос со уште три екипи го делат врвот во втората кошаркарска лига.

– Кога ги кроевме плановите за дебитанската сезона во втората лига, сакавме да сме на средината од табалета и да не се бориме за опстанок. Како што ќе одминува времето така и нашите амбиции ќе растат, па што ќе се случи ќе видиме – заврши Балазоска.

Мх.П.