Охриѓанката Нина Балабан го освои третото место на натпреварите од 1. коло од Купот на Македонија со што и официјално стартуваше со новата натпреварувачка сезона.


Во пионерската конукренција прва на подиумот се искачи  Ѓ. Бујуклиева (Кав) со 348 кругови, втора беше С. Темелкова (Кав) со 347 и Н.Балабан (Ох), која погоди 345 поени.

Натпреварите се одржаа во Скопје, на
воздушното стрелиште во Партизан во Карпош 3. На програмата беше
воздушното оружје од меѓународната програма каде настапија нешто повеќе
од 40 стрелци од осум клубови,кои се натпреваруваа со воздушна пушка и со воздушен пиштол, сениор(к) и јуниор(к)и.

ohridnews