Охриѓанката Нина Балабан го освои солидното 11-то место на Медитеранските игри во Мерсин, Турција.

Балабан, која е апсолутна шампионка во Македонија на Медитеретанските игри „испука“ 405 кругови што беше доволно за едно место погоре од топ десет.

Првата позиција и припадна на Французинката, Емили Евескју со 417,8 кругови. Сребрениот медал замина во рацете на српската репрезентативка Андреа Арсовиќ која имаше резултат 417 кругови додека третата позиција и припадна на Петра Зубласинг од Италија.

Мх.П.