Во новогодишното видео обраќање градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески се осврна на изминатата година која, како што истакна, ќе биде запаметена за оној Охрид кој се претстави во светот во над 200 медиуми, пречека илјадници гости кои пристигнаа со новите линии, ја испрати својата прва олимпијка на Олимпијада, отпочнатата реализација на важни инфраструктурни проекти кои ќе треба да се завршат, како и по значајното враќање на долгот. 

-Препреките, турболентните мигиови и непреспиените ноќи, во ниеден момент не не поколебаа да станеме одлучно наутро, одговорно и чесно да продолжиме да им служиме на оние кои ни ја доверија честа да го водиме градот и да продолжиме да создаваме содржини кои ќе го разубавуваат и збогатуваат секојдневието.- рече меѓу другото во новогодишното обраѓање градоначалникот Бакрачески.

OhrudNews